Неколку месеци откако Стив Џобс ја напушти компанијата на почетокот на 2009 година, Wall street почна да се заљубува во тогашниот вршител на должноста извршен директор, Тим Кук.
Освен Wall street, Кук ги заинтересира и новинарите кои сѐ повеќе почнаа да го истражуваат неговото минато, но и сегашност.
Ви откриваме 10 факти кои веројатно не сте ги знаеле за Тим Кук:
1. Првата работа на Тим Кук му била разнесувањето на весници. Како тинејџер тој го разнесувал весникот Press- Register во својата родна Алабама. Во тоа време исто така работел со мајка му во локалната аптека.
2. Првото искуство во водењето на компанија го имал додека уште одел на Универзитетот Аубурн. За време на неговиот ангажман во компанијата Reynolds Aluminium, во рамки на една едукативна програма, фирмата морала да отпушти голем број вработени, а Кук завршил на позицијата советник на претседателот, кому му помагал при надзорот на работата.
3. Кук сакал да биде инженер. Тој студирал индустриско инженерство на факултет, а професорите го опишувале како просечен студент.
4. Кук можеби имал голема амбиција да се најде на врвот уште за време на своите први денови во компанијата. Тој ја прекршил традицијата на стандардните менаџери така што барал мала канцеларија во аголот блиску до онаа на Стив Џобс. Малку луѓе во тоа време сериозно гледале на оваа одлука, но тоа претставувало индикатор на неговите амбиции за иднината.
5. Кук себе си се нарекувал „Атила Хунски на инвентарот“.
6. Во текот на годините, Кук добил многу понуди за работа на позицијата директор, на пример од Dell и Motorola. Но, тој никогаш не паднал на искушението и не ја прифатил понудата.
7. Кук може да биде речиси разорен во комуникацијата со персоналот, токму како што бил и Стив Џобс.
8. Кук ѝ се јавува на мајка си секоја недела. Тој тоа го прави дури и кога патува низ светот во обид да ги реши проблемите со набавки на Apple.
9. Прилично е скржав како менаџер. Истото важи и во неговиот приватен живот. Тој со години живеел во изнајмен стан, наводно без клима, а својот долна облека ја купува на распродажба. Како менаџер, опишан е како човек „кој би се ценкал и за цент, само да го зголеми профитот“.
10. За да го избегне директниот, личен контакт со вработените, Кук вежба во друга сала. Сепак, извршниот директор јаде со неколку случајно одбрани работници во кантината на Apple, работа што Џобс многу ретко ја правел.

You must be logged in to post a comment Login