Без разлика дали се подготвувате за тематска забава или едноставно сакате да внесете промена во секојдневната make up рутина, драматичниот изглед на дваесеттите ќе биде забавен избор.
Времето на чарлстон, џез и флапер девојките, најдпбро ќе го претставите со нагласена шминка и фризура.
Јаката шминка на очите и темно црвениот руж се главните обележја на оваа декада. На очите најчесто се нанесувале темно сиви нијанси на сенки, и тоа биле нанесувани преку целиот очен капак. Контурите на окото биле исцртани со моливче за очи и извлечени кон надвор, со цел да се добие мачкаст изглед.
За модерна верзија на овој тренд комбинирајте црна или темно сива сенка со себрено, која ќе ја нанесете на внатрешниот агол на окото и под долната линија на трепавици. Усните исто така треба да бидат доста нагласени и срцевидно нашминкани. Се користел исклучиво темно црвен руж – во тоа време тоа била единствена достапна боја. Денес изборот на црвени ружеви е огромен, па затоа одберете нијанска која најмногу одговара на бојата на вашиот тен.
Брановиден боб
Брановидната боб фризура била повеќе од популарана во дваесеттите. Иако во тоа време се носела пократка коса, оваа фризура е применлива и на подолга коса. На елегантните бранови кои почнуваат од коренот на косата, додадете афро кадри и ќе добиете тренди фризура.


You must be logged in to post a comment Login