На покана од Марко Митановски, популарната Севе пристигнува, за да со својата сензуална појава ја збогати претстојната Модна Недела во Белград.
Регионалната поп ѕвезда Северина Вучковиќ, ќе биде специјален гостин на претстојниот Моден Викенд во Белград, кој ќе се оддржи по 35-ти пат од 28-ми Март до 4-ти Април.
Популарната Севе којашто успешно се опоравува од операцијата на предниот вкрстен лигамент на десното колено, својата прва прошетка без патерици ќе ја има на модната писта.
“Едвај чекам да дојдам во Белград, каде на 29-ти Март на Модната Недела, ќе носам фустан од Марко Митановски, кој тоа ми го понуди”, открива Северина за магазинот Story.
Пријателството меѓу дизајнерот и пеачката е јавно, откако Севе ги носеше Марковите авангардни, фантастични костими на нејзината последна турнеја.
Со нетрпение чекаме да видиме што ќе ни приредат Марко и Севе!

You must be logged in to post a comment Login