Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Уредување на домот: Ефтини решенија за убава кујна

Можеби немате пари да ги замените плакарите и плочките во кујната, но тоа не значи дека не можете малку да ја уредите. Со малку добра волја, креативност и не многу пари, можете најфункционалната просторија во станот значително да ја разубавите. Еве наши предлози за едноставни и ефтини решенија.

Покажете уметнички дела

Тоа не мора да биде скапоцено масло на платно, туку некоја симпатична слика која ви се допаѓа и која добро се вклопува со боите во кујната. Една или две мали слики можат да внесат живост и боја во инаку здодевната просторија, и од неа да направат многу пријатен простор.

1

Внесете цвеќе или овошје

Пролетта со себе носи изобилство на миризливи и декоративни цвеќиња. Искористете ги на најдобар можен начин и разубавете ја својата кујна со малку пари. Овошјето исто така може да биде одличен украс. Само наредете го во стаклени или керамички садови и ставете го на видливо место.

2

Приборот нека ви служи за декорација

Кутлачи, големи вилушки и останатиот прибор за готвење обично доаѓа со кука или дупка за закачување. Искористете ја и ставете една лајсна над шпоретот или работната површина, а на неа закачете ги сите метални и дрвени помагала. Ова може да изгледа многу убаво и корисно.

3

Додадете неколку отворени полици

Сигурно имате кое ќоше во кујната во кој полица одлично би легнала. Не морате да плаќате мајстор, ставањето на полици е многу едноставно – замолете го сопругот или пријателот да ви помогне. А потоа на полиците наредете цвеќе, шарени садови или зачини. Тоа може да изгледа многу декоративно.

4

Организирајте го фиоките

Колку подобро се организирани фиоките, толку повеќе работи може да собере во нив. А колку повеќе работи ставите во фиоките, толку помалку непотребни работи ќе имате на работната површина, кои инаку прават неред. Затоа посветете внимание на фиоките и добро размислете кој е најдобар начин да се организирате.

5

Користете убави стаклени тегли за декорација

Овие тегли можете да ги најдете за многу пристапни цени, а можат да бидат и убави и корисни. Во нив можете да ставите било што – од компоти, брашно, шеќер, па се до билки или тестенини.

6

Одгледувајте зачини

Неколку саксии со свежи зачински билки, како што е босилек или магдонос, ќе изгледаат убаво во вашата кујна, а воопшто не се скапи. Ако редовно ги полевате, овие билки се многу благодарни и повеќе нема да имате потреба да купувате зачини на пазарот.

7

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement