Со појавата на сончевите зраци, приметуваме дека се ближи пролета. Но што ќе се носи оваа пролет?
Анализиравме разни дизајнери и разбравме што ќе биде ИН за оваа сезона, па вам на таа основа ви претставуваме 5 совети од светот на модата.
ПЛАВА БОЈА
Било да ја носите како одело, кондури, маица, каиш, накит, не е важно. Плавата боја преовладува на Лондонската недела на модата, па бидете спремни често да ја гледате во наредните месеци.
МОДЕРНИ ТЕХНИЧКИ ОДЕЛА
Ова не е ништо ново, често гледаме луѓе облечени како да тргнале во битка. Воено инспириран мантил беше голема работа пред неколку сезони, а оваа пролет се враќаат повторно со полна сила.
НЕОБИЧЕН ПРИНТ
Принтовите на облека одсекогаш биле ИН, а така е и оваа сезона. Промената е што сега се воведуваат повеќе аспекти на штампа, живописни и пастелни бои, со светли и лептир дезени, кои наскоро ќе се најдат на секој ќош.
ЏЕМПЕРИ СО КРАТКИ РАКАВИ
Кежуал стил, но сепак необичен, претставен е во Лондон уште пред неколку години, но дури сега го пронаоѓа својот пат. Џемпер со кратки ракави може да се носи дури и со лептир машна во канцеларија, а тоа ќе го приметите на многу медиуми оваа пролет.
ЕКСПЕРИМЕНТИРАЈТЕ
Дали некогаш до сега сте носеле комбинација на јаки и пастелни бои? Пробајте ги во комбинација со пастелни кошули. Ако јаките бои не преовладуваат во вашата гардероба, купете и ќе видите со што се може да одговара


You must be logged in to post a comment Login