Истражувањето го спровела познатиот универзитет Харвард, на повеќе од 13 илјади жени. Резултатите покажале дека на жените за постигнување на оргазам и тоа како им е важно чуството на сигурност и меѓусебно познавање.
Љубовта и оргазмот одат “рака под рака”
Со други зборови, тоа е потврда за она што веќе и без тоа долго се зборува – на понежниот пол, многу му е полесно да доживее оргазам во врска, отколку со секс за една ноќ.
Кога резултатите би ги претвориле во бројки, тоа би изгледало вака : веројатноста жената да доживее оргазам за време на авантура за една ноќ изнесува околу 30 посто, додека пак во врска т.е со партнер со кој претходно спиела барем шест пати, шансите се покачуваат над 50 посто.
Бидејќи од секс совети никогаш не е доста, имаме уште неколку интересни резултати. Шансите за женски оргазам се зголемуваат : за 18 посто – ако таа сама го стимулира клиторисот, а за 9 посто –ако истотo го прави тој.

You must be logged in to post a comment Login