Школувањето во училиштето за скиентологија, во кое Том Круз сака учи ќерка му Сури, годишно чини 42.000 долари, а децата се образуваат според принципите на оваа религија.
Таму се изучуваат основните предмети како математика и англиски јазик, но наводно исто така постојат и разни „соби за изолација“ и „етички соби“ во кои децата ја изучуваат скиентологијата.
Ова приватно училиште кое се наоѓа во Орегон нуди образование на учениците почнувајќи од 12-то одделение.
Со оглед дека Сури Круз наскоро ќе наполни осум години, сега е вистинско време таа да почне да оди таму. Меѓутоа, на овој потег многу се спротивставува нејзината мајка, актерката Кејти Холмс.
Другата ќерка на Том Круз, Изабела, која актерот ја посвои додека беше во брак со Никол Кидман, веќе учеше во ова училиште на инсистирање на татко ѝ.
„Ако Том и Кејт сѐ уште беа заедно, Сури сигурно ќе учеше таму. Ова училиште се смета за вистински престиж меѓу скиентолозите“, вели Тони Ортега, уредникот на сајтот за оваа религија.
На сајтот на училиштето пишува дека се работи за „образовна инситуција која ја создале луѓе од различно религиско потекло“.
Таму учениците мора да ги повторуваат речениците се додека не ги разберат, без оглед колку време им е потребно за тоа.
Том Круз во ова училиште зборуваше за мааните на медитацијата и психијатријата кои оваа религија не ги прифаќа на денот на дипломирање на ќерка му Изабела.
„Ова училиште е чудно и неверојатно скапо. Кој би можел да потроши толку пари за школување кое не е дури ни едно од најдобрите во државата. Луѓето кои овде ги испраќаат своите деца ги интересира скиентологијата, а не училиштето. Паметните и талентирани деца веројатно ќе бидат сосем во ред по завршувањето на школувањето, но тоа исто така може да ги уништи нашите деца“, вели уредникот на сајтот.
Сепак, училиштето на ова гледа на поинаков начин.
„Успешниот живот бара интегритет, како и користење на логиката и разумот во проценувањето на она што е правилно или погрешно. Поради тоа имаме курсеви и проекти кои ја зајакнуваат искреноста, карактерот и уверливоста“, објаснуваат од таму.
За оние кои не веруваат во религијата, тоа може да биде застрашувачко искуство.
„Не тераа да читаме книги како ’Хобит‘ и ’Црната убавица‘. Моравме на памет да го учиме секој збор, без оглед дали е во прашање математика, англиски јазик, биологија, било што“, раскажува Пол, поранешен ученик кој се откажал од школувањето во ова училиште.
„Првите месеци беше навистина тешко, не верував во сето тоа, па бев испратен во ’Етичката соба‘ која е нешто слично како кога ќе те испратат кај директорот, само што таму нема прозори. Се работи за една мала просторија на вториот кат. Морав да седам внатре со една прилично страшна жена, со часови, во потполна тишина. Тоа е начинот на кој се учи овде. На крајот морав да се прправам дека верувам во сето тоа“, објаснува тој.
„Во училиштето моравме да живееме во соби по тројца, четворица. Девојките беа во еден дел од зградата, а момчињата во друг. Таму нема завеси, ниту килими. Бевме слободни само еден час дневно. Имавме часови наутро, па ручек, потоа следеа попладневни часови, вечера, а на крајот работа. Сите работевме, јас бев ангажиран во кујната. Секое утро не прозиваа и пребројуваа. Само еден човек проба да ни помогне воопшто и не го видовме никогаш повеќе“, вели Пол.
За разлика од него, учениците на рекламата подолу делуваат задоволно.
httpv://www.youtube.com/watch?v=jPFfcPfoQ5Y

You must be logged in to post a comment Login