Она што го дала мајка природа не можете да го смените, но затоа може да се послужите со трикови…
Неприкосновен сојузник за визуелно подолги нозе се секако чевлите со високи потпетици, но постојат и неколку модни тајни кои можат да помогнат да се издолжат нозете!
Всушност станува очигледно кога ќе почнете да размислувате за тоа: висок појас веднаш помага вашите нозе да изгледаат подолги. Наместо да се нагласува природната линија на стукот, одберете панталони со висок појас. Комбинирајте ги со високи потпетици и веднаш ќе се чувствувате подобро.
Покријте ги колената и нозете ќе ви изгледаат бесконечно долги. Фустан со должина на половина лист може да ви помогне да го постигнете тоа. Комбинирајте со потпетици и спремни сте за вечерно излегување.
Илузијата на долги нозе можете да ја постигнете и со панталони и чевли во боја кои се контрастни. Како се постигнува тоа? Окото на посматрачот ќе патува од вратот, преку струкот до чевлите така нема да застане на вашите нозе.
Широко здолниште одговара на секоја фигура, но е особено добро за кратки нозе. Лепршаваа должина ќе ги издолжи нозете. Можете да го комбинирате со потпетици или балетанки.

You must be logged in to post a comment Login