Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Ве лажеа: Секс во кола, на плажа или во туш кабина не е баш секси!

Од сите страни слушате како би можеле да внесете промени во љубовниот живот и да испробате секс на плажа или во кола, но вистината е дека не е воопшто пријатно или сигурно. Различните совети кои ќе го освежат вашиот сексуален живот звучат добро само во теорија, додека во пракса тешко е да се изведат или дури се и опасни. Прочитајте зашто.

Секс пред огледало

Можеби звучи убедливо, но поголеми се шансите наместо да се концентрирате на парнерот и уживањето, да размислувате како имате малку вишок на стомакот и сите оние изговори зошто не отидовте во теретана. Поедноставно кажано, огледалата можат да ви го „зачинат“ сексот и да го направат возбудлив, но исто така и да го упропастат уживањето.

Заедничко туширање

Ова како секси увертира е супер, но секс под туж тешко се изведува. За почеток, поголемиот дел од луѓето немаат доволно голема кабина која би овозможила опуштено да се препуштите на страстите. Наместо тоа, веројатно и двајцата ќе треба да стоите што баш и не е секси, а и прилично е исцрпувачки. Освен тоа, секогаш постои можност да се слизнете.

 2

Масажа со масло

Една од честите секси фантазии е предигра која вклучува масажа со масло. Тоа прави кожата да светка и да изгледа секси, но нажалост, овие масла имаат грозен вкус и прават да се осеќате како со саати да сте се потеле во сауна. Исто така се произведуваат и оние чудни звуци, како вакум, секогаш кога вашите тела ќе се спојат.

Секс на плажа

Сексот на плажа веројатно е една од најчестите секси фантазии. Има нешто романтично и возбудливо во тоа, но песокот може да предизвика вистински невољи! Додека се впуштате во „акција“ на плажа големи се шансите песокот да заврши таму каде што не сакате. Всушност песокот создава триење што може да биде посебно непријатно.

 3

Снимање

Куќните секс снимки посебно се популарни во последно време. Иако камерата многу ги возбудува, освен што постои веројатноста дека вашата снимка ќе заврши некаде на интернет, постојат уште причина зашто тоа и не е баш добра идеја. Веројатно вас и нема баш да ве возбуди да седнете и да ја гледате својата снимка.

Поза69

За љубителите на оралниот секс, позата 69 делува како остварување на соништата. Меѓутоа, наместо и двајцата да уживате, се завршува така што и двајцата сте полузадоволни со сексот бидејќи неможете да се концентрирате на две работи истовремено. Од сето тоа веројатно ќе осеќате единствено уште болка во вратот…

 1

Кола

Сексот во кола на многу им делува возбудливо, посебно на оние кои сакаат да пробат нешто ново. Замислете ситуација дека сте го паркирале автомобилот некаде, преминавте на задното седиште и така возбудени веќе десет минути се обидувате да ја најдете позицијата која и на двајцата ќе ви одговара и брзо ќе ја видите разликата меѓу теорија и пракса. Не постои начин удобно да уживате во сексот во кола, освен ако не возите тенк или некоја скапоцена лимузина. Да не зборуваме за тоа колку би ви бил уништен сексот кога некој би ви тропнал на прозорецот додека вие сте во занос на страст…

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement