Римокатоличкиот поглавар не одговорил на повикот од актерот за да ја погледне проекцијата на филмот, наводно поради големата медиумска гужва што била предизвикана со доаѓањето на овој холивудски актер во Ватикан.
Холивудскиот актер Расел Кроу во последниве денови проба да го убеди римокатоличкиот папа да се сретнат за да му го претстави својот нов филм „Ное“, чија премиера кај нас се очекува на 27 март, но неговата молба останала неостварена.
Кроу ауденцијата ја побарал преку Твитер, порачувајќи му на папата дека остварувањето на Дарен Аронофски за библискиот потоп е навистина фасцинантно.
Опкружувањето на папата, сепак, сметало дека треба да одговори позитвно на барањето на актерот, плашејќи се дека неговото доаѓање во Ватикан ќе се претвори во медиумски спектакл.

Лоша вест за продуцентите за кои една таква средба веројатно би им одела во прилог, поготово затоа што некои американски христијански лобирања водат кампања против филмот, сметајќи дека пророкот е прикажан како премногу „мрачен“.
Останува нејасно дали папата Фрањ го видел или ќе го види филмот пред 28ми март, пред да почне да се прикажува во италјанските кина.
Филмот, кој е представен, не како адаптација на библиската приказна, туку како „слободна интерпретација“, е забранет во неколку исламски земји.

You must be logged in to post a comment Login