Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Секс во ритамот на хормоните

Дали знаете кога е вистинското време за да го изненадите вашиот партнер во корсет и со камшик, кога вашиот оргазам ќе биде најинтензивен, и кога е најдобро само да се пикнете под ќебе и да се бакнувате и мазите?

1. ден: Јавнете го!

Благодарение на зголемениот тестостерон и естроген, сега сте најмногу расположени за акробатски позиции. И со оглед на тоа што клиторисот ви е особено чувствителен, секс позата во која сте “јавачка” и можете сама да си го одредите врвот на уживањето е идеална за вас.

6. ден: Флерт и искри

Нивото на естроген ви расте, очите особено ви светат, па дури и вашиот глас е малку повисок од вообичаено. Да, време е за флерт и луди игри во кревет. Наш предлог – костими и улоги!

10. ден: Утрински секс

Да ве праша некој вас, ненаситната, немате ништо против тоа да му е малку подол, поголем и да ви понуди петта рунда. Затоа на својот сакан предложете му утрински секс или секс рано попладне, бидејќи тогаш неговото ниво на тестостерон е највисоко.

12. ден: Dirty talk

Се ​​чувствувате одлично во вашето тело, сте самоуверени и храбри – ова е вистинско време да му кажете што е она што ве возбудува во кревет. Слободен скријте го фактот дека во средината на циклусот многумина од нас фантазираат за секс со непознати мажи.

love-couple-hug-kiss-wave-passion-142258

13. ден: Само пет минути!

Ако барате ден кога ќе можете да направите нешто сосема лудо, да ризикувате и да го вџашите вашиот партнер – тој ден е денес. Пробајте некоја нова играчка или, зошто па да не, секс на јавно место. А да, заборавивме да кажеме дека ова е совршен ден за “секс на брзинка”.

14. – 16. ден: Оргазмот е ваш

Ние не знаеме какви се вашите актерски способности, но сега може да се опуштите, бидејќи судејќи според нивото на хормоните, во овие три-четири дена најлесно ќе постигнете оргазам. Дури и подобри вести: ќе биде пооосебно интензивен.

19. – 22. ден: Вечер за ТВ

Што друго да кажеме, овие денови ќе сакате секс, но само ако е на ТВ. Слободно опуштете се, гушнете се со драгиот и уживајте во мазење и бакнежи. И, се разбира, тогаш и самото тело лачи окситоцин, хормон на љубовта и поврзувањето.

38e8c61f-3acd-4fc7-b6c7-7dc9a4ba3dbd_couple-cuddle-hug-bed-sleeping-picture
24. – 26, ден: Доооолга предигра

Под услов сеуште да не сте добиле нервен слом или убиле некого порадито лошо расположение и подуениот стомак, ние ви предлагаме секс. Искористете го фактот што вашата вагина, набабрена од крвта, е многу почувствителна и оргазмите се поинтензивни. Но, подгответе се за подолга предигра, затоа што ќе ви треба малку повеќе време за таа цел.

27. – 28. ден: Помош, молам!

Сосема е во ред ако земете неколку дена пауза, но ако и понатаму сакате акција, ставете некој лубрикант на ноќната масичка затоа што овие денови естрогенот, што е одговорен за влажноста, е на многу ниско ниво.

п.с. За оние кои се на “пилули”:

Ако се одлучите за хормонска контрацепција, тоа не значи дека ќе уживате помалку. Сè е повеќе или помалку исто, само што оргазмите во вториот дел од циклусот се малку послаби, а вашите нерви се многу, многу посилни.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement