Со оглед на тоа дека секоја сезона носи нови трендови, модните стилисти секогаш се трудат да да ја раскажат модната прказна целосно. Овој пат беа инспирирани од изгледот на балерината, па така предлагаат стилот на шминкање на биде романтичен и отмен.
Најважен е тенот, кој треба да биде беспрекорен. Најдобар избор се течните пудри во боја на кожа или за нијанса посветли, а над тоа малку светкава камена или пудра во прав.
На очите се истакнува играта на пастелните и јаките розеви тонови. Експертите советуваат да се комбинираат повеќе бои, па пример, розева и зелена или беж, плава, златна… Розеникава сенка може да се надесе на целиот капак, а со друга боја да се истакнат трепките.
Пред да почнете со сенчање, повлечете тенка линија со црно моливче, а на крај нанесете и црна маскара во два слоја.
Усните нагласете ги со црвен или розев сјај за усни. Навечер нанесете руж во иста боја, нно пред да го нанесете, заокружете ги усните со моличе.

You must be logged in to post a comment Login