Оваа чорба ќе ја донесе посакуваната промена во вашето неделно мени.
Состојќи:
- 250гр шампињони
- 50гр шунка
- 1 лажица брашно
- 1 младо лукче
- 1 јајце
- 1 лимон
- 1 лажица путер
- 1 коцка за супа
- Сол и бибер
- Магдонос
Подготовка:
На загреан путер испржете ситно исецкан млад кромид. Додатете ги исчистените и исецкани шампињони и ситно сецкана шунка. Поклопете и динсајте додека шампињоните да омекнат.
Потоа додадете брашно и него малку пропржете го. Полијте со топла вода, додадете коцка за супа, посолете и додадете бидер по желба и варите уште 5 минути од моментот на вриење.
Тргнете го тенџерето од оган, маку да се олади, а потоа додадете сок од лимон и матена жолчка со павлака. Додадете ситно сецкан магдонос.

You must be logged in to post a comment Login