Лош вкус на сосот, суво печено месо или воднесто вариво – е резултат на подготовка на оброк на почетник, покрај стриктното следње на чекорите од рецептот. Проблемот е во ситните грешки кои го расипуваат совршениот оброк. Ви претставуваме такви 7 најчести киксови во кујна, кои можете лесно да ги исправите и гарантирано да ја заслужите етикетата за најготвачка.
1. Вриење место загревање
Вриење е загревање на течноста на најсилна температура, додека загравање е слабо вриење со само неколку повремено видливи меурчиња на површината. Разликата помеѓу овие два начина на готвење е најважна за подготовка на вкусни варива, имено за да се задржат во сосот сите природни состојки потребно е варење на ниска температура. Во спротивно течноста испарува, при што е потребно да се дотура, што пак придонесува за разводнување на смесата, а состојките стануваат суви и преварени.
2. Пренатрупување на лонецот со парчиња месо при печењето
Најчеста грешка која многумина ја прават за да ја забрзаат подготовката е токму пренатрупување на тенџерето со парчиња месо. Во овој случај месото побавно ќе се пече бидејќи температурата на маслото опаѓа, а освен тоа при печењето самата храна испушта влага, која доколку нема простор помеѓу парчињата месо не испарува туку се задржува. Резултатот е варено месо наместо печено.
3. Недоволно загреана тава
Чекор кој многумина го прескокнуваат при подготовка на пржено месо или зеленчук е предходно загреаната тава. Имено ако маслото го ставите на ладна тава, тоа нема долго да ја задржи топлината која ја осигурува загреаната површина за пржење. Сем тоа месото ќе ја изгуби сочноста бидејќи сите сокови ќе испарат и многу е веројатно дека горниот слој ќе се залепи за тавата.
4. Кратко отстојано парче месо, по печењето
Дефинитивно најбрз начин да го уништите целиот вложен труд во подготовката на печењето е сечење на месото веднаш по вадењето од рерната. На тој начин сите сокови ќе излезат од месото и тоа ќе остане суво. Правило е да ги оставите малите парчињата месо да отстојат околу 5 минути, за поголемо парче месо потребно е околу 20 минути мирување на собна температура.
5. Од ладилник директно во лонец
Храната која директно од ладилник ќе се стави во лонец најчесто е невкусна, лошо печена и сварена одвнатре, додека надворешниот слој е препечен или преварен. За да ја избегнете оваа грешка, секоја намирница оставете ја на собна температура барем 20 минути пред подготовката на шпоретот.
6. Зеленчук оставен да се вари во вода вода што врие
Со варениот зеленчук треба многу внимателно, бидејќи најчесто се работи за нежни листови и стебла. Еден мал пропуст е доволен за да добиеме кашеста смеса наместо al dente залак. За да ја задржи цврстината, варениот зеленчукот треба да се исцеди и кратко да се прелие со ладна вода. Заленчукот ја впива водата и доколку не го разладиме со ладна вода многу ќе омекне неговата текстура.
7. Погрешно сечено месо
Месото сечено долж насоката на самите влакна при печењето ќе предизвика сушење и виткање на краевите. Едноставен трик за да избегнете тврдо подготвени шницли е правилното сечење. Тоа треба да биде спротивно по должината на влакната на месото.

You must be logged in to post a comment Login