Убаво и правилно обликувани веѓи се дополнителен адут за секоја жена. Меѓутоа, ако некогаш згрешите, резултатот може да биде сосема спротивен. Мејк ап експертот и “кралица на веѓите”, Трејси Гилс, има неколку трикови за да се избегне ужасот на веѓите.
Нерамни веѓи
Иако поговорката вели: “Веѓите треба да бидат сестри, а не близначки”, голем број од жените имаат веѓи кои воопшто не личат дека се роднински поврзани. При обликување на веѓите, водете се според внатрешните и надворешните агли на очите и обидете се да бидат симетрични.
Веѓи кои веќе не постојат
Ако со претерано скубење на веѓите сте останале без нив, во тој случај размислете за трајна шминка. Би било добро да не се доведете во ваква ситуација, и затоа обидете се да избегнете прекумерно скубење на веѓите додека можете. Одржувајте гиво поприроден изглед со мали корекции.
Претенки веѓи
Ова може да се случи со текот на годините и тоа е сосема природна појава. Меѓутоа, и ова може да се избегне така што веѓите ќе ги идржувате во природен изглед со малки обликување за подобро да се вклопат на вашето лице.
Веѓи кои се премногу густи
Премногу густи веѓи ќе бидат повеќе до израз од очите и остатокот од лицето што би требало да се истакне. Како што може претенките веѓи можат да го трансформираат лицето во целост на непосакуван начин, ист ефект може да имаат и предебели веѓи. Различни облици на веѓи им одговараат на различни луѓе. Помладите жени посакуваат гламурозен изглед, а постарите сакаат да ги обликуваат веѓите на тој начин што визуелно ќе ги “подигнат” нивните очи за да изгледаат помладо.
Веѓи во погрешна боја
Премногу светли или премногу темни веѓи на вашето лице ќе отскокнуваат и нема успешно да го обликуваат лицето. Бојата на веѓите треба да биде прилагодена на бојата на косата и на вашата кожа. Во избор на идеална боја, ќе ви помогнат експерти, не експериментирајте самите со ова.

You must be logged in to post a comment Login