Се будите и знаете дека пред вас е ден полн со обврски, а додека се гледате во огледалото забележувате еден проблем – мозолче. Што треба да направите за да не се приметува.
Капки за очи
Иако звучи необично, како што капките за очи го намалуваат црвенилото во очите, така ќе го намалат и црвенилото на мозолчето.
Тајна дерматологија
Доколку имате крема која содржи хидрокортизон искористете ја како пилиг и оставете ја одстои 15 минути.
Маска за лице
Дерматолозите исто така препорачуваат да нанесете маска за лице која содржи глина. Таа ја апсорбира нечистотијата од кожата што е од особено значење што поскоро да се намали црвенилото на мозолчето.
Салицилна киселина
Доколку имате склоност кон хормонски мозолчиња кои обично се јавуваат околу усните, почнете да ја нанесувате салицилната киселина на регијата околу усните еден месец пред месечниот циклус. Таа помага да се отстранат мртвите клетки од површинскиот слој на кожата, ги чисти затнатите пори и делува антисептички. На тој начин ќе го спречите неговото појавување во поголем број.
Не ги стискајте
Ова е важно, бидејќи доколку ги стискате времето да се повлечат ќе се пролонгира. Доколку ви се чини дека мозолчето ќе се распрсне, а вие не можете да му одолеете, стиснете го под тушот. Важно е да го намокрите со топла вода, а потоа полека стиснете го со памукче.

You must be logged in to post a comment Login