Најпознатиот холивудски ерген Џорџ Клуни беше поприлично изненаден кога дозна дека неговата поранешна партнерка Стејси Кибер се омажила и останала бремена.
Убавата поранешна спортистка (борач) и модел се омажи на осми март, во интимна атмосфера на една плажа во Мексико. Тогаш на медиумите им ја соопшти веста дека е бремена.
Свадбата беше изненадување и за семејството на Стејси додека некои извори за “National Enquirer” тврдат дека ова било свадба за одмазда.
“Стејси очајнички сакаше да му докаже на Клуни дека изгубил одлична шанса за конечно да се смири.”
“Џорџ е навикнат неговите поранешни девојки да очајуваат по него подолг период, но тоа не е и случајот со Стејси. Таа врската со Клуни веднаш ја остави зад себе и продолжи понатака.”
Да биде уште пострашно за Џорџ, Стејси со сегашниот сопруг почнала да се гледа само неколку дена откога ја прекинала врската со познатиот актер.
“Ова е голем шамар за егото на Клуни бидејќи не очекувал дека Стејси толку брзо ќе се олади и ќе започне врска со друг дечко, а не ни помислувал дека таа ќе го изговори судбоносното ДА и ќе му роди дете на тој човек.”

You must be logged in to post a comment Login