Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Работете на себе си: 30 мин рефлексија неделно за решавање на проблемите!

Кратка вежба на рефлексија ќе ви помогне во решавање на прашања во врска со животот

Ако сакате правилно да ги поставите приоритетите во својот живот, оваа пракса во тоа може да ви помогне. Правете ја оваа вежба секоја недела и ќе видите како работите ќе почнат да се решаваат сами од себе.

1

1. Одвојте 30 минути за себе да бидете сами во простор кој ви е пријатен. Земете тетратка или дневник, молив, свеќа, миризливи стапчиња, подлога за медитирање, сето она што е само ваше и ве опушта.

2. Запалете ја свеќата за да означите дека сте во вашето свето место. Свеќата го симболизира вашето внатрешно светло. Дишете длабоко, затворете ги очите и опуштете се.

3. Размислувајте за своите активности во текот на неделата кои завршиле. Преиспитајте кои акции ги предзедовте за да ја исполните својата дарма, како и служевте на фамилијата, заедницата ни и себе си. Кои ви беа должностите? Дали лесно или тешко ги исполнувавте? На какви морални тестови наидувавте и како со нив се справивте? Запишете ги резултатите во својот дневник.

4. Кога сте ја разгледале дармата преминете на арта. Што правевте во текот на неделата за да одржите добро здравје? Што ви беше потребно за да остварите добра дарма? Дали добивте? Запишете ги одговорите во својот дневник.

5. Потоа длабоко размислете за кама – што направивте за да осетите чиста радост? Што ви пружи најмногу задоволство? Кои ви беа најсилните желби? Дали можевте да ги препознаете и остварите? Запишете ги своите мисли.

 2

6. Запишете ги своите размислувања за моксха. Тоа можат да бидат медитација, јога, молитва, духовно читање, саморефлексија. Дали се ослободивте? Дали имавте чувство на слобода во својот живот? Што ви беше потребно да се ослободите?

7. Кога ќе поминете низ секоја пурушарти, погледнете во каков се однос – дали се урамнотежени или некоја е нагласена. Дали премногу напорно работите во една област додека другата ја запоставувате? Кои се последиците на вашите приоритети? Напишете како сте се осеќале додека сте ги исполнувале вашите цели – дали сте преуморни, исцрпени или задоволни.

8. Формулирајте намера за следната една недела – можете тоа да го направите за секоја поединечно, а можете и да се фокусирате на тоа како ќе се осеќате кога ќе работите со пурушартите. Потоа кажете си себе си на глас, затворете го дневникот, изгаснете ја свеќата и препуштете се на неделата која е пред вас со сосема нов поглед на приоритетите.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement