Резлтатите почажуваат дека голем број на жени го запоставуваат сексот и за оваа активност со години не наоѓаат време.
Мајките немаат време за секс. Неодамна спроведените истражувања откриле дека 32% од жените, немале сексуални односи и по неколку години.
Сексот станува реткост кога ќе се родат децата.
Во една онлајн анкета испитани се 553 жени, од различни старосни периоди и со минимум едно дете, за тоа кога последен пат воделе љубов. Освен горе споменатите податоци 36% од нив откриле дека од тогаш поминале неколку месеци, 27% изјавиле дека во прашање се неколку недели и само 5% од нив изјавиле дека тоа било пред неколку дена.
Експертите предупредуваат дека иако пренатрупаниот распоред го отежнува приодот до телесните активности, толкави паузи можно е да бидат многу лоши за нашето расположение. Тоа неодамна го потврди и едно британско истражуање, отркивајќи дека секс барем еднаш неделно е клучот до среќен брак. А еднаш неделно сигурно можете да издвоите време за слатко водење љубов…

You must be logged in to post a comment Login