Можам да поднесам само одредена количина на молење. Не е убаво да гледате возрасен маж да плаче, па прифатив, се нашалила Шерил.
Шерил Кол и Сајмон Кауел првапт одржаа заедничко интервју после 4 години, како би го објавиле враќањето на Шерил во шоуто „X Factor“.
Шерил признала дека Сајмон ја молел „се задавил во солзи“ се додека она не прифатила.
Меѓутоа, неговото молење не било единствениот фактор поради кој Шерил прифатила да се врати во шоуто. Наводно, нејзиниот хонорар по сезона изнесува негде околу милион и осумстотини илјади евра.
Можам да поднесам само одредена количина на молење. Не е убаво да гледате возрасен маж како плаче, па затоа прифатив, се нашалила Шерил.
Веста дека се враќа во емисијата, Шерил и Сајмон прво ја објавиле на социјалните мрежи, а потоа уште еднаш потврдиле на интревјуто во емисијата „Day Break“.
„Ова го работам веќе подолго време и знам дека може да се случи се. Си го признавам поразот и сфатив дека направив грешка. Ми беше многу жал“, признал Сајмон Кауел.

You must be logged in to post a comment Login