Иако според нејзината линија можеме да заклучиме дека не појадува, Џенифер сепак преферира обилен појадок по холивудски стандарди.
Судејќи според нејзиниот фантастичен изглед, би можело да се каже дека Џенифер Анистон го прескокнува појадок, и утрото го започнува со шоља кафе.
Меѓутоа, се покажа дека Џен преферира обилен појадок по холивудски стандарди. Неодамна изјави дека обожава неделното утро да го помине во читање на бесници со пециво и јајца.
“Во каков облик ќе ги подготвам јајцата зависи од моменталното расположение. А секогаш ги ставам и жолчките иако имаат лоша репутација”, изјавила холивудската актерка.
Тоа е паметен избор – вкусно и хранливо, јајцето обезбедува комплетен оброк или е главна состојка на многу јадења, кои без нив не би биле исти. Оваа намирница е на високо хранливо ниво, таа е одличен извор на протеини и содржи дури петнаесет витамини и минерали и може да се подготви на неколку начини.