Истражувачите во Мериленд и Јужна Кореа неодамна открија дека сексуалната активност кај глувците ги подобрува менталните перформанси
Заборавете на медитацијата, обуките за компјутерско памтење и учењето на музика како вежби за зголемување на интелегенцијата. Научните истражувања покажуваат дека постои поедноставен одговор. Она што може да нѐ направи попаметни е сексот.
За овие тврдења постојат и егзактни докази, иако за сега истите се темелат на истражувањата спроведени врз глувци. Истражувачите во Мериленд и Јужна Кореја неодамна открија дека сексуалната активност кај глувците ги подобрува менталните перформанси и ја зголемува неврогенезата (производството на нови неврони) во т.н. хипокампус, каде се формира т.н. долгорочната „работна“ меморија…
Тимот од Универзитетот во Мериленд објави минатиот април, дека стаорците на кои им било дозволено да имаат секс, покажале знаци на подобрување на когнитивната функција и хипокампусот.
Во ноември пак, група истражувачи од Универзитетот Конкук во Сеул при прочувањето на глувци дошла до слични заклучоци. „Сексуалната интеракција би можела да биде од помош за неврогенезата и мемориските функции, но помага и против негативните последици од влијанието на хроничниот стрес“, пишуваат тие во својот извештај.
Сепак, и да може сексот да ги направи луѓето попаметни, за жал не важи и спротивното т.е. дека ќе имате повеќе секс штом веќе сте поинтелигентни…

You must be logged in to post a comment Login