Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____celebrity

Богатите и славните незнаат што да прават со парите, па купуваат неверојатни глупости

Не е тајна дека ѕвездите во еден ден заработуваат повеќе отколку обичен човек за време на целиот живот, па затоа начинот на кој трошат огромни пари понекогаш е луд.

Николас Кејџ

Актерот поседува череп од диносаурус, поточно, застрашувачкиот Тарбосаурус. Черепот го купил на аукција, а за малку од пред нос ќе му го земел Леонардо ДиКаприо. Николас черепот го платил 276.000 долари.

Стив Карел 

Стив направил убава работа, иако прилично луда. Глумецот купил продавница која пропаќала во Масачусетс, место каде што сакал да оди како дете. И ден денес Стив доаѓа во продавницата и помага при редење на полиците.

Анџелина Џоли 

Глумицата собира скапоцени ножеви. Уште кога имала 12 години, мајка и и го купила првиот нож и од тогаш таа ја проширува својата колекција. Наводно, Анџелина својата страст кон ножевите му ја пренела на својот син Медокс.

Џони Деп 

Холивудскиот даркер, Џони Деп, собира скелети од гулаби, фосили од инсекти и лилјаци. Никој, освен можеби Тим Бартон, не знае зашто славниот актер ги собира овие работи.

1 (2)

Аманда Сејфрајд 

Актерката, пејачка и модел еднаш купила мртов коњ. „ Многу е мал. Многу добро е направен, ова е најдоброто препарирање на светот“ изјавила пејачката во времето кога го остварила ова необично пазарење. Во својот дом во Л.А. Аманда има и препарирани пеперутки, бувови и ракуни.

Бијонсе

Популарната пејачка сака да купува „Balenciaga“ хеланки кои вредат до 100.000 долари, што значи дека секоја ногавица вреди повеќе од еден просечен автомобил.

Пенелопе Круз

Убавата шпанска глумица Пенелопе Круз, има огромна страст према закачалки. Пенелопе поседува повеќе од 500 видови закачалки, а нити една од нив не е метална.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement