Не бидете мрзеливи, направете сами природен лек и спречете го пролетниот косопад
Пролетта предизвикува промени во организмот поради кои косата почнува да паѓа повеќе од нормално. Но, место да ве фаќа паника и да трчате на фризер по помош, направете во вашата кујна сосем природни препарати кои ќе ви помогнат да го спречите косопадот.
Во продолжение на текстот ви нудиме три предлози за подготовка на смеса против опаѓање кои можете и самите да ги направите.
За природен лек против косопад изматете пенесто една жолчка, а потоа додадете по една лажичка рум и рициново масло. Кога сите состојки ќе се соединат во една смеса, ставете ја истата на косата и масирајте го темето. Откако добро ќе измасирате, покријте ја главата со пешкир. Оставете ја смесата да отстои барем 3 часа, а најдобар ефект ќе постигнете ако си легнете и ја оставите маската на вашата коса и преку ноќ.
Откако состојките ќе делуваат, исплакнете ја косата прво со жолчка, а потоа и со вода во која сте исцедиле лимон. Овој третман повторувајте го еднаш неделно сѐ додека не се подобри состојбата на вашата коса.
Вториот препарат за здрава коса е на база на корен од коприва. Исплакнете 100 грама корен од коприва, ставете го во еден литар комовица ракија или во 70-процентен алкохол и оставете го да отстои осум дена. Потоа ставете ја смесата во чисто шише и додадете неколку капки рицинусово масло и малку колонска вода за мирис. Со овој микс масирајте го коренот на косата секој ден.
На крај, еве уште еден природен рецепт за поздрава коса. Земете 100 грама коприва и варете ја 20 минути во половина литар вода. Покријте го садот и оставете да отстои околу осум часа. Потоа процедете ја течноста и во неа додадете 200 милилитри вински оцет. Со овој лек тријте ја вашата глава секоја вечер.



You must be logged in to post a comment Login