Појадок веднаш по будењето со зелен чај, брзо попладневна прошетка, запишување убави работи пред спиење, се само некои од малите промени кои експертите ги препорачуваат за здравје и среќа.
Вие сте апатични, уморни, малку депресивни и често сте во болка? Немојте да очекувате дека таквите или слични проблеми, ќе се решат сами по себе, но нема причина да се плашиме од работата што треба да се превземе , бидејќи тоа и не е голем потфат. Поконкретно, потребни се, сепак, мали промени кои ќе придонесат секоја жена да се чувствува подобро и да биде поздрава. Следи листа на пет секојдневни навики кои експертите ги препорачуваат.
Наутро зелено
Кога ќе се разбудите , не заборавајте да појадувате. Но бидете внимателни за она што го пиете со вашиот оброк. Според податоците од истражувањето, луѓето кои пиеле четири или повеќе чаши зелен чај дневно биле помалку депресивни, отколку луѓето кои ретко или никогаш не пијат чај. Причината лежи во амино киселините од зелениот чај содржи состојки се идеални за подобрување на расположението . Покрај тоа, луѓето кои редовно пијат зелен чај имаат посилен имунолошки систем, бидејќи овој топол пијалок е моќен антиоксиданс.
Детоксикација со ручекот
Наместо изобилство на месо, компири, леб и слична храна, изберете ручек кој ќе Ви обезбеди добра здравствена состојба, но исто така и добро расположение. Нека во вашата чинија се најде место за мноштво зеленчук , житарици, риба и овошје. Настојувајте да јадете таква храна и телото ќе ви биде благодарно.
Активен попладне
Во текот на попладнето , околу 16 или 17 часот, посветете малку време за активности. Најдобро ќе биде една побрза прошетка, околу 20 минути. Тоа ќе ви помогне , велат експертите, да го продолжите животниот век и спасите здравјето, но исто така и духот. Природата е само совршен амбиент за овој вид на рекреација.
Вечера во знак на железо
Витамини се многу важни , но треба да знаете како се употребуваат. Од суштинско значење е витаминот Ц кој ја стимулира апсорпцијата на железо . Па затоа е добро консумираат витамини за време на вечера, која ќе изобилува со железо. Ова би значело дека во чинијата треба да се најде блитва, спанаќ или друга храна во чиј состав има железо.
Малку пишување пред спиење
Ова е активност која ќе биде многу делотворна за подобрување на расположението, а со добарто расположение оди и доброто здравје. Значи, секоја вечер пред спиење , напишете три позитивни работи што се случиле тој ден – без разлика колку и да се безначајни. Така ќе научите да ги препознавате убавите нешта во животот, а не само негативните.

You must be logged in to post a comment Login