Глумицата ја земала само својата 5 годишна ќерка Вивијан да глуми со неа, бидејќи само она не се плашела од страшниот костим на лошата вила Грдана, додека сите останати плачеле на кастингот.
Анџелина Џоли имала непланирани потешкотии при снимање на Дизниевиот филм “Maleficent” во кој ја глуми лошата вила Грдана. Сите деца кои требало да глумат со неа биле престрашени од нејзиниот костим и со солзи ја напуштале аудицијата.
Тие неможеле да одглумат бидејќи биле растревожени од страшниот костим кој има огромни црни рогови, зашилени уши, подигнати јаболкници и жарко црвен кармин.
Иако потенцираше дека нејзините деца нема да бидат глумци, сепак за улога ја викнала својата петгодишна ќерка Вивијен, која за разлика од другите деца не се плашела од ова издание на вештерка.
Дека нејзиниот костим е навистина застрашувачки мисли и нјезиниот 10 годишен син Пакс, кој ја имал истата реакција како другите деца кога ја видел својата мајка.

You must be logged in to post a comment Login