Некои од познатите дами зборуваат јавно за нивните веридби, додека другите се обидуваат да ги скриат од јавноста. Без разлика дали тие изјавиле јавно или не, прстенот на раката ги одговара сите прашања и нивната брилијантност е невозможно да не се забележи.
Ен Хатавеј
Брачната двојка Ен Хатавеј и Адам Шулман се верија 2011 година. Веридбата беше официјализирана дијамантски прстен.
Минатата година, по пет годишна врска, двојката се венчаше на приватна фарма во градот Биг Сур , на брегот на Калифорнија. Триесет годишната актерка за таа посебна прилика избра венчаница моден бренд “Валентино”
Блејк Лајвли
Блејк Лајвли минатата година се вери со колегата Рајан Рејнолд. По гласините дека двојката се верила, следеше доказ, актерката беше сликана со парче накит од дизајнерот Лореин Шварц, украсен со голем дијамант со светло розова боја и ситни дијаманти.
Блејк и Рајан се венчаа на септември 2012 година во Северна Каролина, а актерката носеше венчаница ” Marquez”.
Оливија Вајлд
Веридбата на Оливија Вајлд и Џејсон Судикис во Јануари оваа година не беше изненадување. Актерката во неколку наврати изјави колку е зањубена во партнерот со кој е во врска од Ноември 2011 година.
Џејсон ја запроси Оливија со прстен со зелен камен, а во изборот на му помогна неговиот најдобар пријател Џастин Теру, вереникот на Џенифер Анистон.
Џенифер Лав Хјуит
Кратко време одкако се појавиа гласини дека актерката Џенифер Лав Хјуит е во врска со колегата Брајан Халисје пред два месеца се појави веста дека двојката се верила и го очекуваат своето прво дете.
Веридбата ја означија со дијамантски прстен, а актерката прв пат веше видена со прстенот одмор во Фиренца. Џенифер и Брајан се во врска со почетокот на 2012 година, а заедно тие глумат во сериите ” Love bites” и “The client list “.
Кели Озборн
Откако пред три години ја раскина веридбата со Лук Ворал, Кели Озборн почна врска со Метју Мошарт. Неуспешниот прв пат не ја спречи да се вери со моменталниот партнер.
Парот планира свадба, а како симбол на нивната љубов пеачката и дизајнерка на рака носи сребрен прстен украсен со дијаманти. Како што изјави Кели, инспирација при изборот на прстен послужила обетката на нејзиниот татко, рок пејачот Ози Озборн.






You must be logged in to post a comment Login