Ако ви се допаѓа оженет маж, тоа може да биде сериозен проблем, а ако станува збор за вашиот шеф или колега, во тој случај може да останете и без работа. Природно е некој да ве привлекува, но ако тоа е некој кој е оженет, ве советуваме да остане само на тоа.
Не ја преувеличувајте ситуацијата
Не дозволувајте целата таа приказна да се претвори во сцена на забранетета љубов на Ромео и Јулија, бидејќи може да ја засечете уште во корен. Сфатете го тоа како што е – минлива привлечност на која ќе заборавите кога ќе се појави некој друг кој ви се допаѓа.
Светот е полн со мажи кои се сингл, нема потреба да барате некој кој е зафатен.
Не верувајте во нивните изговори и лаги
Некои оженети мажи сами ќе се обидат да ви се додворуваат, под изговор дека се несреќни во бракот и дека се блиску до развод, додека на нивните жени и деца им продаваат друга приказна на хармонично семејство. Тој нема да се разведе од неговата сопруга, но и да го направи тоа, како може да му верувате на некој што лаже и манипулира со неговите блиски.
Тој и ветил на сопругата дека нема да ја изневерува и само тој е крив ако се случи тоа, но не учествувајте вие во тоа.
Засечете ги проблемите во корен
Ако почне да ви праќа двосмислени пораки, ве кани на пијалок после работа или ви дели комплименти, игнорирајте го и одговарајте му ладно. Ако се работи за колега од работа, не правете сцени, одбијте го на најљубезен начин, бидејќи последно нешто што сакате е тој да помисли дека има шанса да ја изневери вашата сопруга со вас.
Штом го игнорирате, најверојатно ќе премине на следната “жртва”.
Не го идеализирајте
Никој не е совршен и не помислувајте дека тој е, бидејќи не го познавате доволно за да тврдите нешто за него. Тој не е ништо подобар или полош од било кој друг маж, само ви е привлечен бидејќи е недостапен. Зошто да ризикувате било што поради тоа, кога можете да најдете некој кој е сингл и кој можете добро да го запознаете.
Бидете искрени со себе
Врска со оженет маж може да донесе само проблеми за вас и за неговото семејство. Најважно е да седнете, ако треба да изброите до сто и да размислите за причините поради кои не би требало да го правите тоа. Не избрзувајте со заклучоци, почетната привлечност и тоа како може да се засече во коренот, а во овој случај тоа е најпаметно за вас.



You must be logged in to post a comment Login