Авторката на серијалот романи за деца – волшебници Хари Потер признала дека погрешила што во книгата Хермиона ја споила со Рон, а не со Хари.
Таа изјавила за магазинот “Wonderland” дека љубовта помеѓу Рон и Хермиона не била од литературни причини, туку таа одлука произлегла од лични причини.
„Хермиона и Рон ги споив затоа што тоа јас го сакав, без да има многу врска со книжевноста, нивната поврзаност понатаму е дека сакав да го задржам заплетот кој го замислив“ изјавила авторката.
„ Жал ми е што предизвикав незадоволство кај некои фанови и се надевам не им ги скршив срцата со таа постапка“.

You must be logged in to post a comment Login