Новата комедија „Другата жена“ (‘The Other Woman’) е новиот предлог за женска филмска вечер. Самата актерска екипа , составена од Камерон Диаз, Лесли Ман, Кејт Аптон и Ники Минаж, ветува многу. Во филмот, една од девојките дознава дека е дел од љубовен триаголник, и затоа одлучува да ги здружи силите со сопругата за да се одмаздат на неверниот сопруг.
Ова неверојатно пријателство се развива помеѓу трите жени кои сакаат да го разоткријат и да се одмаздат на мажот кој успеал да ги излаже сите три, се претвора во едно од најчудните пријателства.
„Другата жена“ ќе се прикажува во кино салите од 7 мај.

You must be logged in to post a comment Login