Најновите модели на Карл Лагерфилд за Шанел се толку приспособливи да на париската недела на модата беа претставени на ревија чија сценографија беше направена од рафтови на супермаркет.
Шанел за секој ден е пораката на несекојдневната ревија со која се претставува оваа куќа на Фешн вик во Париз. Розева, портокалова, зелена и црвена се дел од веселиот колорит кој Карл Лагерфилд го внесе во секојдневниот живот. Сепак, без да се заборават овде се црната, сивата и металик боја без кои нема да се може ни следната сезона.
Овде можете да погледнете 50 црни и бели парчиња претставени на оваа Недела на модата, а дури 70 металик предлози од њујоршката Фешн вик овде.
Модерната Шанел жена изгледа гламурозно дури и кога оди во набавка на секојдневни потреби, па така совршено во пријатна облека без проблеми комбинира со бисери околу вратот и не заборава да ја нагласи половината.
Патиките, од плитки до оние кои „глумат чизми“ се составен дел на „ready to wear“ колекцијата на Шанел и прекрасно се комбинираат со пантолони, хеланки, сукња до колена или долг мантил.
Повеќе фотографии од оваа ревија погледнете под текстот.







































You must be logged in to post a comment Login