Првиот човек на Формула 1 ги открил тајните за својот живот и така ги навел и причините за развод од Славица.
Славица Еклстон заедно со Наоми Кембел користела алкохол и кокаин, што било и причина за нивниот развод, вели Барни Еклстон. Првиот човек на Формула 1, вратата на својот живот целосно ја отворил на публицистот Том Бауер и на тој начин настанала кигата за неговиот живот во кој отворено зборува за сопругата Славица, децата и животот воопшто.
Иако во книгата најмногу се зборува за неговата мајка, како и ќерките Тамара и Петра Еклстон, најголемо внимание сепак привлекол фактот дека од својата тогашна сопруга, поранешната српска манекенка Славица Радиќ Еклстон, се развел бидејќи не можел да го поднесе фактот дека се дрогира.
Всушност, Берни објаснува дека Славица станала нераздвојна пријателка со Наоми Кембел, која непрекинато консумирала големи количини алкохол и кокаин, па на тој начин имала негативно влијание и на неговата сопруга.
Еклстон вели и дека Славица, покрај тоа што уживала во апсолутно богатство и внимание кое тој и го понудил, таа сепак постојано влегувала во кавга и имала напади на агресија во кои тој бил жртва.
Судејќи според она што е наведено во книгата, како ќерките пораснале, така нивниот однос станувал се полош, а Славица во повеќе наврати била хоспитализирана и лечена од стрес и други психолошки проблеми.
Периодот по разводот, Том Бауер го опишува како помош за Славица која со ќерките се преселила во Лос Анџелес, додека Берни сипродолжил по старо, само со млада жена, со цел да се одмазди.

You must be logged in to post a comment Login