Сонцето секогаш ја забрзува желбата вашето тело да го доведете во совршена форма. Диетите некако се секогаш први на листата за одвишок килограми. Некои диети се бесмислени, некои опасни, некои делотворни. Важно е да знаете дека би требало да заборавите на специјалните режими за исхрана кои ветуваат дека за кратко време ќе изгубите повеќе килограми, кои дефинитивно ви го нарушуваат вашето здравје. Ова се неколку најчести заблуди во врска со диетите.
1. Дали можам да јадам што сакам ако се бавам со спорт?
За жал не. Ако доста се движите согорувате одреден број на калории,но во главно помалку колку што мислите.Во текот на полачасовно возење на велосипед согоруваме околу 200 калории, колку што ги има во 2 јаболки, додека половина час џогинг согори отприлика онолку калории колку што има една чоколада. Покрај тоа, физичката активност може да ви помогне полесно да ослабнете, на пример ако додадете плус тренинг и не конзумирате повеќе храна.
2. Дали “лајт” производите овозможуваат да го ограничите внесот на калории?
Не секогаш. Ознаката “лајт” значи дека одредени производи содржат најмалку 30 проценти помалку масти, шеќери, алкохол или калории од обичниот производ од истата категорија. Но, ако е тоа чипс, бројот на калории е и понатаму прилично висок. Заклучок : кога купувате лајт производи, обратете внимание на состојките и хранливата вредност на пакувањето.
3. Дали масленоста здебелува?
Не по секоја цена. Ако еден грам масленост содржи девет калории, тоа значи дека има два пати повеќе јаглени хидрати и белковини и брзо ќе се здебелите ако редовно внесувате поголемо количество на масти. Меѓутоа, ограничениот внес квалитетни масти од маслото, костенови плодови, авокадо или лосос има позитивни ефекти: го намалува апетитот и постигнува да се разградат масните наслаги. Експертите препорачуваат 1-2 лажички масло и 1 порција лосос, авокадо или костенови плодови.
4. Дали лебот, тестенините и компирите здебелуваат?
Не. Покрај тоа, доколку сакате да ослабнете избегнувајте производи од бело брашно, бидејќи они брзо го подигнуваат шеќерот во крвта кои подоцна брзо опаѓа. Последица е напад на глад и блокирање на согорување на мастите. Наместо бел, земете леб од интегрални житарици, бидејќи тие поспоро стигаат до крвта и подолго ја држи заситеноста. Ниту пак варениот компир нема многу калории. Најопасен е пржениот компир.
5. Дали е подобро засладувач отколку шеќер?
Подобро не. Засладувачот на почетокот ќе ви помогне да заштедите калории, но нивното енергетско соджение е ниско.Но бидејќи се многу поблаги од шеќерот, засладувачите ќе ви го пореметат природното чувство за благо. Поради тоа, потребно е повеќе шеќер да заблажите повеќе јадења. Освен тоа, слаткиот вкус му ветува на организмот енергија, кој всушност не ја добива. На тој начин доаѓа до напад на глад и внесуваме повеќе калории отколку што сме заштедиле. Ако сакате да ослабнете, користете обичен шеќер во помали количини.
6. Стресот допринесува до витка линија?
Не, ни случајно. Покаченото ниво на хормоните на стресопт во крвта го зголемува апетитот и го блокира разградувањето на мастите и наслагите на телото. Истражувањето покажува дека луѓето кои се изложени на константен висок стрес за шест години се здебелуваат за отприлика 5 килограми. Но, и оние кои спијат помалку од седум саати дневно имаат повеќе хормони стрес во крвта и побрзо се здебелуваат. Поради тоа водете сметка да редовно се одмарате и воспоставете рамнотежа помеѓу наптнатост и опуштеност.
7. Ако јадам повеќе овошје дали ќе ја зачувам виткоста?
Не. За разлика од зеленчукот, овошјето содржи и голема количина калории како и обичниот бел шеќер. Тој исто така игра улога во подигнувањето на шеќерот во крвта и и хормонот инсулин кој делува со здебелување. Експертите препорачуваат две порции на овошје дневно, но доколку сакате да ослабете, бананите и грозјето заменете ги со јаболки, бидејќи тие имаат многу помалку шеќер.
8. Дали ќе се здебелам двојно доколку јадам доцна навечер?
Не. Тоа не е научно докажано. Многу е побитно вкупна количина калории која ќе ја внесеме во текот на денот. Ако имате навика навечер да јадете главен оброк, тоа можете да го правите со мирна совест и наместо тоа, помалку јадете сабајле или попладне.Но доколку сте јаделе во текот на денот повеќе, избегнувајте ја вечерата да воспоставите рамнотежа.
9. Постојат ли намирници кои трошат повеќе енергија отколку што даваат?
Не. Вистината дека секоја намирница содржи повеќе калории отколку што согори во текот на процесот на варење. Сепак постојат одредени разлики да се преработат белковините, на организмот му е потребно повеќе енергија отколку за јаглени хидрати. Искористете го овој ефект така што со секој оброк ќе внесете порција белковини од риба, месо, јајца или млечни производи и на тој начин заштедете калории.









You must be logged in to post a comment Login