Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

10 работи кои секоја жена треба да ги знае за својата вагина

Вагината е најфасцинантниот дел од женското тело, затоа мора да се “запознаете“ подобро со неа…

Веројатно веќе знаете колку е вашата вагина посебна. Овој неверојатен дел од телото може да ве донесе до интензивно задоволство, иритирачка болка, а во состојба е да го направи и најголемото чудо во светот – да донесе нов живот! Накратко, тоа влева длабоко почитување кон неа. Затоа е многу важно да ја држиме на нашата приоритетна листа.

Прочитајте ги 10те фасцинантни факти за вагината.

b_1314178064_967

1.       Вагината може да поднесе интензивен тренинг
Вагиналните мускули се многу јаки – изјави Алиса Двек, гинеколог и коавтор на книгата V is For Vagina. Кеговите вежби можат да ви овозможат зајакнување на вагиналните мускули и да ја зголеми можноста за поинтензивен оргазам. Дали постои подобра причина зошто да не започнете со вежбање?
2.       Вашата исхрана влијае на мирисот на вагината
Иако нема многу истражувања на ова тема, секоја жена знае дека нејзиниот мирис се менува во текот на циклусот. Мирисот на вагината зависи од периодот на овулацијата, па дури и од исхраната, така што доктор Двек советува да се обрне внимание кога на пример јадете лук вашата вагина има остар и интензивен мирис.
3.       Клиторисот има најмногу нервни завршетоци
Според овој факт, не е ни чудо што баш клиторисот е заслужен за вашиот оргазам.
4.       Вашата вагина се шири во текот на сексот
Дали некогаш сте се запрашале, додека ставате тампон, како вашата вагина делува толку мала, а сепак може да “прими на гости надарен“ маж? Многу е еластична и способна да се шири, изјави доктор Двек. Кога сте возбудени, две третини од внатрешноста на вагината се шири и се продолжува. Сериозно, вашата вагина никогаш нема да престане да ве фасцинира.
5.       Не се сите вагини исти
Всушност секоја вагина е единствена. Кај некои дами клиторисот е поблиску, додека кај други е поодалечен од вагината. Истражувањата открија дека кај жените кај кои клиторисот е поодалечен од вагиналниот отвор потешко доживуваат оргазам поради намалената стимулација. Но не треба премногу да се грижите, постојат различни пози во кои вашиот партнер може да ве донесе до врвот.

v137809
6.       Вагината ви соопштува кога е време за бебе
Неверојатно, но вистинито бидејќи вашата вагина ве “информира“ кога е оптималното време да останете бремени т.е. кога ви се плодни денови, објаснува доктор Двек. Цервикалната слуз во текот на овулацијата се менува, станува почиста, гумена и растеглива. Доколку не користете орална контрацепција, слушнете ја вашата вагина и можеби ќе приметите дека е вистинско време за бебе.
7.       Вагината овозможува толку различни видови на задоволство
Вашата вагина е чудесна поради причината што ќе ви понуди четири врсти на оргазам (вагинален, клиторален, мешан и повеќекратен). Корегирајте не слободно доколку не сме во право, но мажите имаат само еден вид на оргазам, нели?
8.       Вагината носи нов живот
Неверојатен факт е дека преку вагината доаѓа на свет вашето бебе, а сепак после породувањето се враќа во нормална големина – изјави доктор Двек. Процесот на закрепнување после породувањето и зараснувањето на вагината трае околу шест месеци, индивидувално за секоја жена. Тоа е уште еден факт поради кој и се восхитуваме, нели?
9.       Не постои нешто како нормална вагина
Секоја жена поседува единствена вагина. На секоја жена и се разликуваат “усните“, секоја е со различна големина и облик. Така што не се вознемирувајте што таму доле нешто вам ви изгледа несовршено.
10.   Вагината самата се чисти
Користењето на различни производи за интимна хигиена може да го зголемат ризикот од инфекција или бактериски заболувања. Поради тоа, не претерувајте со користење на козметички препарати за третман на вашата вагина, туку негувајте ја со вода и PH неутрален сапун.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement