Улогата на деверушите е да понудат поддршка и помош со планирањето и спроведувањето на свадбата. Во последно време и кај нас е модерно деверушите да се облекуваат исто, или слично, во зависност од желбата на невестата. Но почесто отколку што треба, тие се приморани да носат фустани кои не се во мода, или не им се допаѓаат. Кој вели дека треба да биде баш така?
Повеќето од невестите сакаат нивните деверуши да се забавуваат и да носат фустан кој им се допаѓа, и кој би го носеле повторно. Ако сте невеста со стил, имајте во предвид дека за вашите деверуши може да одберете модели на фустани од високата мода, кои тие со задоволство ќе ги носат и ќе ви бидат благодарни за тоа. Доколку ви недостига инспирација како би изгледале фустаните на вашите деверуши, погледнете ги моделите кои ги издвоивме за вас за да ве инспирираат и помогнат во вашата одлука.



















You must be logged in to post a comment Login