Црна, тегет, виолетова, светло кафена и сива се топ боите кога е во прашање било која комбинација, а секоја посебно праќа одредена порака.
Голем број жени тврдат дека одредени бои не се за нив и поради тоа ги избегнуваат. Но неколку од боите фантастично им стојат на сите жени. Кои се тие?
Црна
Класика која им прилега на сите жени. Црната боја праќа порака на елегантност и професионализам. Исто така фантастично се вклопува со сите други бои, па е лесно да ја вклопите во комбинации.
Тегет
Добро и приелга на секоја жена, носи порака на удобност, сигурност и одговорност. Како и црната се комбинира со многу бои.
Сива
Може да ви изгледа досадна, но нема да видите жена на која сивата боја и стои лошо. Нејзината неутралност е нејзина најсилна страна и вооедно можноста да се комбинира со јаки бои (црвена, жолта, портокалова).
Виолетова
Со својот богат спектар од нијанси пригодана е за секоја боја на коса и тен, лесно се комбинира со црна и светло кафена боја. Таа е раскошна боја од која зрачи самодоверба.
Светло кафена
Секогаш е во тренд и може да ја носите сите сезони. Буди чувство на одговорност и класична елеганција. Практична е и може да се комбинира со многу други бои.



You must be logged in to post a comment Login