Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Тие се жедни за мажи – не се задоволуваат само со еден!

Дали си и ти како нив?

Ако ги третирате мажите како кесичка бомбони и посегнувате по нив само по потреба постои опасност дека ќе станете како нив.

Млада девојка, жена седи во канцеларија и му испраќа СМС порака на дечкото со кого се гледа. Потоа, му испраќа email на колегата од соседната канцеларија со кого флертува и истовремено оди на профилот на својот бивши дечко. Таа е типичен пример на жена која има повеќе мажи во животот. И со сите нив е за истата цел – да се забавува така како што таа сака и со кого сака.

“Секогаш се гледам со најмалку тројца мажи.Со едниот од нив излегувам, со едниот имам секс, а со неколку од страна флертувам сосема невино. Не знам што има во тоа лошо. Зошто да имаш само еден, кога можеш да ги имаш повеќе”, изјавува таа.

zena-sa-dva-muskarca-1393438966-28214

Мултитаскинг

Жената која не може да функционира сама, на која и е неопходно внимание и има неколку партнери со кои се гледа во исто време е виситнски примерок. Но може ли таа жед за внимание да ви предизвика непријатно чувство во стомакот? Кога се гледате со толку многу мажи и од секого добивате по нешто, вие никогаш не чувствувате потреба да одите во потрага за еден единствен маж. Фокусирањето на бројните состаноци ви го одвлекуваат вниманието за еден маж. Со вакво темпо можете да живеете и со децении и само во еден момент ќе станете свесни дека сте единствената жена во друштвото која е сама.

“Без разлика на тоа колку човекот со кого се гледам е секси, забавен, интелегентен, одличен љубовник, секогаш едното око ми е отворено за да видам дали има некој во моја близина што е подобар, позгоден, побогат. Претпоставувам сфатив дека “г-дин Совршен” не постои, па од секој еден од нив ги црпам само добрите страни, без оние лошите”, изјавува гореспоменатата млада жена.

Но, во ваквото однесување постои опасност. Што ако оваа жена на бројните состаноци не го препознае вистинскиот пратнер за неа? Опцијата да ги држите очите широко отоворени може да направи да го пропуштите оној кој е создаден за вас. Споредбата во вакви ситуации најчесто се прави на некој чуден и површен начин. Но внимавајте ова не е купување.

par-u-zagrljaju-1386850241-21910

чевли, да видите што сѐ има низ градот, па да се вратите во првата продавница.

Причините за таквото однесување кон мажите и врската може да бидат различни. Една друга девојка призна кои биле нејзините причини.

“Мојата самодоверба беше на најдолни граници кога ја прекинав двегодишната врска. Се фрлив на излегување и состаноци. Секогаш кога ќе ми пријдеше некој дечко се чувствував посилно и попривлечно. Сега, покрај толку многу мажи не можам да се замислам повторно да се впуштам во озбилна врска. Го сакам сето тоа внимание.”

Лажна сигурност

Овие жени многу лесно се препознаваат. Најчесто носат облека со која многу откриваат, гласни се и сигурни во себе и често се фалат со своите подвизи. Горди се на тоа дека им се привлечни на мажите, а тоа им влева лажна сигурност. Лажна бидејќи на крајот сите мажи со кои излегуваат не гледаат во нив жена со која би сакале да имаат сигурна и стабилна врска. Овие жени најчесто се поставуваат по позиција дека мажите не ги почитуваат, па така си ја наметнуваат опасноста никогаш да не налетаат на овој “вистинскиот”.

 tuzna-devojka-1390811984-25256

Контролирајте ги апетитите

Ако додека го читавте ова се пронајдовте бар малку себе си, морате да научите како да се контролирате. Запамтете мажите не се потрошен материјал. Откажете ги сите состаноци и престанете да флертувате.Фокусирајте се само на еден маж! Ќе помине некое време и ќе го запознаете оној со кој ќе сакате да останете заедно!

devojka-sa-muskarcima-1393343539-28094

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement