Јапонката, која денес слави роденден, изјави дека покрај здравата исхрана, човекот мора да научи да се опушти за да доживее долговечност.
Мисао Окава е родена во 1898 година во Јапонија. Настарата жена во светот која денес го прославува својот. 116 роденден, ја откри тајната на нејзината долговечност. Оваа старица изјави дека суши и сон од 8 часа се добар пат за долг живот.
Најубави моменти во нејзиниот живот биле венчавката со Јукиоо Оклава во 1919 година и раѓањето на нејзините три деца. Едно од децата починало, па затоа Мисао денес има ќерка и син, кои имаат 92, односно 94 години. Госпоѓа Окава има четири внуци и шест правнуци. Најголема тага и предизвикала смртта на нејзиниот сопруг во 1931 година.
Жените во Јапонија во просек живеат 85,9 години, а мажите 79,6 години. Тајната на долговечноста на Јапонците лежи во нивниот национален здравствен систем, кој промовира здрава исхрана и физичка активност. За тоа придонесат и навиките на Јапонците, чии најомилени намирници се риба, ориз, зеленчук и овошје.
Експертите истакнуваат на еден интересен факт, дека луѓето кои во текот на Втората светска војна и големио недостаток на храна биле во средните години, имаат заедничка карактеристика, а тоа е долговечноста. Професорот Јасуки Гондо, кој се занимава со овие проблеми, истакна дека силната волја и љубопитноста се важни за зачувување на виталноста.
httpv://www.youtube.com/watch?v=0a6cJVfmCYs

You must be logged in to post a comment Login