Денот на палачинките или Shrove Tuesday се слави во Велика Британија и Ирска. Ова е денот кога се јадат традиционални палачинки. Традиционалната палачинка е многу лична на оние ние што ги правиме – танки, за разлика од американските подебели палачинки.
Еве го традиционалниот рецепт:
Состојки:
225г. сенаменско брашно
прстофат сол
2 јајца
600мл млеко
2 кафени лажици растопен путер
Чекор 1:
Ставете го брашното во сад за матење, додадете ја солта. Направете дупка во брашното и ставете ги двете јајца. Матете додека не се соедини и ги снема сите грутки.
Чекор 2:
Додадете половина од млекото и 2 кафени лажици растопен путер, изматете убаво. Потоа додадете го остатокот од млекото и изматете.
Чекор 3:
Оставете ја смесата да отстои 15 минути.
Чекор 4:
Ставете масло во тава за палачинки и загрејте ја. Потоа пржете ја палачинката додека на добие златна боја. Потоа испржете ја и од другата страна
Чекор 5:
Послужете ги палачинките посипани со шекер во прав и малку сок од лимон – тоа е традиционалниот начин. Секогаш можете да ги премачкате со џем, чоколаден прелив, мед…
Уживајте! 🙂

You must be logged in to post a comment Login