Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Најчувствителното еротско место: И мажите имаат Г-точка

Многу припадници на посилниот пол не се целосно свесни  за нејзиното постоење, а дополнителна конфузија веројатно им создава фактот дека службено тоа не е нејзиното име.

Во последно време, се повеќе се зборува за женската Г-точка, која се смета за еротски една од најчувствителните места во женското тело, а притоа малку се споменува дека иста таква точка имаат и мажите.

Повеќето припадници на посилниот пол ќе бидат изненадени кога ќе слушнат дека машката Г-точка не ништо друго туку – добрата стара простата: ореова жлезда низ која поминува уринарен канал кај мажите.

Добро е познато дека простатата е од суштинско значење за сексуалниот живот како жлезда која произведува една компонента на сперма. Младите мажи обично ги загрижува акутно воспаление, а во зрелите години нејзиното зголемување, рак на простатата, кои можат да се откријат со допирање на оваа машка полова жлезда.

Масирањето на простатата не е без ризик, бидејќи тоа е чувствителен орган, со кој треба да се постапува  со голема претпазливост, како и со било кој друг внатрешен орган. Таа содржи многубројни нерви, кои се наоѓаат претежно во нејзиниот горен и среден дел.

Притискањето или гребењето на овие делови од жлездата може да и предизвикаат сериозна штета, од механичко оштетување до воспаление.

Некои мажи, односно нивните партнерки, си играат со простатата, со цел да му го зголемат сексуалното задоволство на партнерот.

Имено, бројните нервни завршетоци на простатата ја прават една од целите на стимулација, па некои мажи се способни да доживеат оргазам со самата иритација на оваа жлезда.

Како што е познато, простатата се наоѓа помеѓу мочниот меур и дебелото црево и го опкружува мочниот канал низ кој урината излегува од мочниот меур преку пенисот: затоа може да се стимулира од внатрешната страна, што подразбира допирање на анусот, но на помалку ризичен начин – од надворешната страна.

Надворешната стимулација се врши со притискање на областа под тестисите во близина на аналниот отвор. Кај некои мажи стимулацијата на простатата доведува до силна сексуална возбуда и постигнување на задоволство. Се разбира, тоа не е задолжително, но само една од техниките кои може да се применуваат за време на сексот.

Имено, иако тоа ретко се споменува, сексот е составен и многу важен дел од нашиот живот: колку  е тој подобар толку е подобар и односот помеѓу партнерите, а со самото тоа и задоволството од сопствениот живот.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement