Бјонсе и понатаму мака би мачела со постпородилната тежина, Бритни само би таложела килограми од брза храна, а Ким Кардашијан би била просечна и сосема обична.
Дали некогаш сте се запрашале како би изгледале славните да стануваат во 06:00 часот наутро, да подготвуваат доручек за своите деца, во трчање да се облекуваат и да брзаат на работа? На работа ги чека стрес, борба со шефот, прекувремено работно време и просечна плата.
Дали тогаш Бјонсе би изгледала вака како што изледа сега? Дали би ослабела 30кг после породувањето и би имала време за секси танц со Џеј Зи?
Нормално дека нема да има! Секое утро таа би трчала да ја остави ќерката во градинка, би пробувала да ги сокрие дамките од потта на машката фланелска кошула (бидејќи тоа е единствено чисто нешто што имала да го облече) и би идела на работа за да докаже дека мајчинството не и ги променило нејзините работни способности.
И додека им завидуваме на нивниот изглед, додека ја гледаме Џенифер Анистон која на 45 години изгледа како некои наши средени дваесетгодишни девојки, никогаш не помислуваме дека таа жена веројатно не се сеќава кога последен пат самата си ја измила косата или се нашминкала.
Тие имаат свои лични шофери, кувари, собарки, фризери, шминкери, стилисти, воспитувачи и армија слуги која прави се за они да изгледаат вака како што сега изгледаат!
За да ги разбие илузиите за ” совршени ” луѓе од Холивуд, уметникот Дени Евенс направи низа фотографии на кои со помош на фотошоп го измени нивниот изглед. На неговите слики тие се нормални луѓе кои самите се грижат за себе и за својата фамилија.
Погледнете ги фотографиите и кога следен пат ќе видите некоја глумица да се појави без брчки и затегната во 50тата година немојте да и завидувате, само насмејте се, вие сигурно изгледате подобро одколку што некогаш таа би изгледала да е на ваше место!

You must be logged in to post a comment Login