Гламур ја следи целата најпрестижна манифестација на Американската филмска академија, а подеднакво свечено изгледа и вечерата по доделувањето, на која оваа година помеѓу останатото беа послужени пити со пилешко, рижото со црни тартуфи и неизбежните позлатени чоколадни статуи.
Познатиот шеф Волфганг Пак кој веќе 19 пати го работел менито за престижната церемонија, и оваа ноќ беше одговорен за целиот луксуз.
Повеќето актери, а особено актерки, до вчера “постеле” за полесно да влезат во вечерните тоалети и одела во кои се појавија на црвениот тепих. Со оглед на тоа дека церемонијата на доделување награди трае околу 5 часа, целиот тој гламурозен свет добро огладнува кога од салата на Долби театарот се преместува во салата каде во таа чест се одржува традиционалниот Гувернеров бал.
Пак и неговите помошници оваа година покрај класични јадења, како што се пита со пилешко, макарони со сирење и пекарски компир, подготвиле и неколку вегетаријански и вегански слатки со цел да ги задоволат вкусовите на поголемиот број од ѕвездите, кои преминале на растителна (билна) исхрана.
“Имаме рижото со црни тартуфи, неколку интересни јадења со тестенини, парчиња од ориз со зеленчук, подготвени специјално за вегетаријанци и вегани, така што за секој гостин ќе има по нешто”, изјавил Пак кој и оваа година, како и секоја претходна, направил позлатени чоколадни статуетки кои Американската филмска академија ги доделува на победниците.

You must be logged in to post a comment Login