Во зависност на тоа колку често вежбате и со кој интензитет, потребни ќе ви бидат 4 до 8 недели за да ги затегнете стомачните мускули. Вежбајте интензивно 3 до 4 пати во неделата, по 20 минути. Дополнително, качувајте се по скали, тоа во голема мера ќе ви помогне во дефинирање на стомачните мускули. Оваа комбинација одлично ги топи мастите, а вие наскоро ќе ги видите резултатите.
Но, исто така е важно да си дадете слободни денови, да му овозможите на телото да се опорави од активирање на нови мускули. Секојдневното вежбање и форсирање може да предизвика повреда, а со тоа се пролонгира и времето кога вашите резултати ќе бидат видливи.
Исто така, не заборавајте ја правилната исхрана. Доколку вашата цел да ја дефинирате мускулната маса, потребно е да внесете повеќе протеини во исхраната. Доколку вашата тежина е 55 кг, започнете го денот со 55 гр протеини. Ви изгледа премногу? Запаметете вам ви е потребна енергија за да можете потоа да ги согорите калориите.

You must be logged in to post a comment Login