Војвотката и војводата од Кембриџ се модерни и млади луѓе кои не се оптеретуваат премногу со кралските традиции.
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам повторно ја прекршија кралската традиција. Младиот пар вработиле млада дадилка која ќе оди со нив на далечно патување до Нов Зеланд.
Кралското семејство воглавно преферира постари британски дадилки, меѓутоа Кејт и Вилијам се одлучиле за Европјанка во раните дваесетти која ќе се грижи за малиот принц Џорџ.
Бившата дадилка на принцот Вилијам, 71 годишната Џеси Веб до сега се грижела за неговото 7 месечно синче, но во моментот не е во состојба да патува со нив до Австралија, бидејќи тој пат би бил пренапорен за неа.

You must be logged in to post a comment Login