Сите родители знаат дека децата слушаат и учат од нив. Тоа не секогаш е добра работа. Кога се во прашање парите, за успешно да ги научиме децата да внимаваат со парите, потребно е многу да се зборува, но она што најгласно зборува се нашите дела. Колку пати сте го фатиле вашето дете како ги повторува вашите извинувања, вашите оправдувања?
Внимавајте на вашите пари како што сакате вашето дете да внимава
Колку пати ви се случило вашето дете да ви врати со: „ Но ти не правиш така, зошто морам јас?“. Пред да избрзате, и одговорите со – зашто јас така велам, размислете како вие управувате со вашите финансии.
Зборувајте со вашето дете за парите
Разговарајте со вашето дете за тоа каков однос имате вие со парите, бидејќи вие сте за него пример за однесување, особено на таа возраст. Постепено објаснувајте му на што треба да внимава.
Не плашете се да го оставите да згреши
Неопходно е да дозволите да напарви грешка со парите, како и со се останато. На тој начин најдобро се учи. Однесете го во продавница за играчки и оставете го кога ќе сака да ја купи играчката која чини колку сите пари кои му ги дозволувате. Кога ќе сака уште некоја играчка, кажете му дека парите ги потроши, и не купувајтему ништо друго. Така ќе научи.

You must be logged in to post a comment Login