Највредниот предмет во Холивуд е секако 34 центриметри високата златна статуетка Оскар и не претставува никакво изненадување што добитниците ги чуваат на различни безбедни места. Но има и такви кои што местото на Оскарот и не го бираат.
Ема Томпсон, актерка која има добиено 2 Оскара, своите статуетки ги чува во купатилото во својот дом во Лондон.
Кејт Бланшет мора да плати како би го видела својот оскар кој го добила за Авијатичар, бидејки се наоѓа во филмскиот музеј во Мелбурн.
Џенифер Хадсон има направено цел зид на награди и својот Оскар го сместила во централна позиција.
Сандра Булок својата статуетка ја има дадено на својот син Луис и објавила дека само тој знае каде е.
Некои од добитниците пак избрале најобични места за чување како на пример дневната соба, како Шарлиз Терон и Џорџ Клуни.

You must be logged in to post a comment Login