Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Торта со сливи

Време на подготовка: 1 час и 30 минути / ќе послужите: 10

  • ¾ шолја несолен путер, собна температура, плус за подмачкување на садот за печење
  • 1 ½ шолја брашно, плус 2 лажички
  • ½  лажичка пециво
  • 1/4 лажичка сол
  • 1/2 шолја кафеав шеќер
  • 1/2 шолја гранулиран шеќер
  • 3 јајца
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 2 лажички рендана кора од лимон
  • ¼ шолја слатка павлака
  • 3 сливи, лупени и исецкани на поситни парчиња
  • Шеќер во прав за декорација

Чекор 1

Загрејте ја рерната на 200 степени. Подмачкајте го со путер и посипете го со брашно садот за печење – кружна тава за печење со дијаметар од 20 см. Во длабок сад измешајте ги брашното,  пецивото и солта.

Чекор 2

Во голем и длабок сад измешајте ги со миксер путерот и шеќерот , се додека не стане смесата лесна и мека. Со миксерот на најниска брзина додадете ги и матете ги јајцата едно по едно. Додајте го екстрактот од ванила и корите од лимон . Смесата од брашно поделете ја на 2 еднакви дела, во смесата додадете ја едната половина и мешајте, па додадете ја слатката павлака а потоа и остатокот од брашното и мешајте додека не се добие компактна смеса.

Чекор 3

Смесата распоредете ја подеднакво во садот за печење и израмнете со помош на нож. Во посебен сад измешајте ги парчињата од сливи со 2 лажички брашно и распоредете ги над смесата во садот.

Чекор 4

Печете додека тортата не добие златеста боја, околу 30 минути. Потоа прекријте го садот лабаво со фолија за печење и оставете да се пече дополнителни 35 минути. Оставете да се олади во садот. Отстранете ги со нож сите делчиња со поминување по работ на садот за печење. Декорирајте со шеќер во прав пред послужување.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement