Покрај многубројните филмски остварувања за суперхероиите како Batman, Superman и Wonder Woman апетите на ова студио не застануваат тука, со оглед што се сконцентрирани да филмуваат уште од широкиот спектар на легендарни карактери под DC Comics.
Не е ни чудо што следна најавена филмска адаптација ќе биде Sandman на генијалниот Neil Gaiman, еден од најпознатите и критички признати стрипови на сите времиња. Фокусот е на богот на сонувањето Morpheus и членовите на неговото чудно семејство.
Во тимот кој ќе стои позади овој проект веќе е потврден Joseph Gordon-Levitt како продуцент, се шпекулира дека тој и ќе го режира. Друг битен човек на кој се фокусираат да се вклучи во тимот е Jack Thorne како сценарист.
Иако Thorne нема до сега искуство со сценариа базирани според стрип или научно-фантастичен жарн, со заслужената BAFTA награда за најдобар сценарист на серијал, жарн драма тој и како се повисоко котира особено во Англија, каде со свои 35 години има постигнато доста успешни проекти позади себе. Тоа што е Англичанец како и самиот автор на стрипот Neil Gaiman одава доста за неговиот избор како член од тимот.

You must be logged in to post a comment Login