Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Што повеќе ти одговара…P90X или Insanity?

P90X и Insanity се вбројуваат во екстремен тип на вежби. Иако овие вежби се наменети за луѓе кои активно се занимаваат со спорт или вежбање, сепак програмите можат да се адаптираат и за почетници. Двете програми се наменети за дефинирање на мускулната маса и издржливоста, но P90X во голема мера се разликува од Insanity.

Направивме паралела, сега можете да утврдите кој тип на вежби повеќе ви одговара.

Чекор 1: Одредете ги вашите фитнес цели. Сакате да ја намалите вашата телесна тежина, да го намалите вашиот обем, да ги дефинирате мускулите или сѐ заедно? Двете програми P90X и Insanity имаат за цел да го редефинираат вашето тело, но пристапот е различен:

  • Сакате да ги намалите килограмите. P90X ќе ви помогне да ја намалите вашата тежина и обем, но со Insanity правите кардио вежби кои се директно насочени кон губење на тежината. P90X претставува програма која првенствено опфаќа вежби со помош на телесната тежина во комбинација со кардио вежби, а Insanity опфаќа стриктно кардио вежби на различни начини.
  • Сакате да ги дефинирате мускулите. P90X програмата опфаќа одделни тренинзи кои се посветени на одредени делови на телото: раце, нозе, грб и раменици.
  • Сакате да ја намалите тежината и да ги дефинирате мускулите.Направете комбинација од двете програми… Кога ќе се ослободите од вишокот килограми, ќе ги видите и мускулите.

Чекор 2: Простор и опрема. Овие две програми не бараат голем простор за вежбање – соба со средна големина е сосема доволна. Сепак, за P90X ќе ви бидат потребни тегови со различна тежина и вратило. Теговите и вратилото можете да ги најдете во спортска продавница и тоа нема да ве чини многу. За да вежбате Insanity не ви треба апсолутно ништо, за дефинирање на мускулната маса ја користите сопствената тежина.

Чекор 3: Кој тип на класични вежби најмногу ти одговара. P90X и Insanityво својата програма вклучуваат вежби од традиционалните дисциплини:

  • Дигање тежина, анаеробни вежби. Доколку сакате да кревате тегови, да се кревате на вратило и сл. P90X е вистинскиот избор.
  • Џогирање, велосипедизам, аеробик. Доколку сакате да трчате, пешачите или возите велосипед повеќе ќе ви се допадне Insanity.

Чекор 4: Променете го типот на вежби. Не секој сака да ги прави истите вежби постојано. Доколку подолго време сте правеле кардио вежби, добро е по извесно време да почнете да работите поинтензивно на дефинирање на мускулите. Така што можете слободно по неколку месеци, Insanity тренингот да го замените со P90X.

 

Чекор 5: Колку време можете да одвоите за вежбање. Доколку можете да посветите повеќе време на вежбање, направете комбинација од двата типа на вежби. Доколку времето ви е ограничено, тогаш посветете се само на еден тип на вежби. Постојат Insanity тренинзи кои траат од 30 до 40 минути, а P90X од 45 до 60 минути.

Чекор 6: Што да направите доколку одредени вежби се премногу напорни за вас. Бидејќи и двете програми се интензивни и напорни, можеби некои вежби ќе бидат премногу напорни на почетокот. Погледнете на  youtube како да ги прескокнете и да ги замените со други.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement