Расел Кроу преку Tвитер го повика папата Франсис на проекцијата на својот филм „Ноа“ кој е заснован на библиски мотиви. Актерот очигледно е многу озбилен во своите намери, па на актуелниот папа му се обрати преку твитер и на англиски и на италијански јазик. Во пораката го повикува папата, да дојде на проекцијата на филмот Ноа, чија порака е моќна и фасцинантна. Ова филмско остварување, веќе ја подели верската заедница затоа што многу сметаат дека Кроу на премногу слободен начин ја интерпретира библиската приказна. Но и покрај тоа, четири од пет верници би го погледнале филмот на Кроу, а тој се надева дека и папата е меѓу нив.
Погледнете го официјалниот трејлер за филмот.
httpv://www.youtube.com/watch?v=6qmj5mhDwJQ

You must be logged in to post a comment Login